Саудијците ќе признаат дека е убиен новинарот во Турција: На прагот сме на голема светска криза...

Точка

16/10/2018

09:41

7.184

Големина на фонт

а а а

Откако турската полиција влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, објавено е дека Саудијците се подготвуваат за соопштение во кое ќе признаат дека Џамал Кашоги бил убиен за време на неговото испрашување, а целта на сето тоа било новинарот да биде киднапиран од Турција.

Како што пренесува „СиЕнЕн“, наскоро Саудијците ќе признаат дека новинарот бил убиен за време на испрашување во конзулатот во Истанбул. Еден извор открил дека веројатно ќе биде заклучено дека операцијата за испрашувањето била изведена без одобрение и транспарентност и само тие кои што го извршиле испрашувањето ќе бидат повикани на одговорност.

Според споменатиот медиум, исто така еден од изворите им открил дека извештајот се уште се подготвува и предупредил дека соопштението може да биде променето.


Од турската полиција влегоа во конзултатот на Саудиска Арабија во понеделникот, две седмици по исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, критичар на власта во Ријад. Според турските истражители, новинарот бил убиен во конзулатот, по што неговото тело било отстрането.

Ријад ја отфрла можноста дека стои зад убиството на Кашоги и од конзулатот тврдат дека новинарот излегол од објектот набрзо откако влегол, иако тоа го демантирала неговата вереница која што чекала пред портите. Покрај тоа, постојат и снимки од безбедносни камери на кои се гледа како Кашоги влегува во конзултатот, но нема снимки од тоа како излегува.

Турските власти соопштија дека поседуваат аудио снимки кои што откриваат дека исчезнатиот новинар бил убиен во конзулатот и тие снимки ги предале на Саудиските, но и на Американските власти.


Кашоги бил голем критичар на саудиската власт, посебно на престолонаследникот Мохамад Бин Салман, а пишувал колумни за американски “The Washington Post”. Тој минатата година се иселил во САД затоа што стравувал дека ќе биде уапсен во Саудиска Арабија, откако ја критикувал воената интервенција на Саудијците во Јемен.

Инаку, во саудискиот конзулат во Истанбул влегол за да извади документ за венчање, а во саботата требало да го прослави својот 60-ти роденден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг