Со диета ја убил сопругата: Самопрогласен гуру за макробиотичка исхрана ја изгладнувал сопругата до смрт!

Точка

15/10/2018

20:02

5.185

Големина на фонт

а а а

Италијанската полиција отвори нова истрага против Марио Пјанези, познат италијански бизнисмен кој во јавноста е познат како гуру за макробиотичка исхрана. Тој се сомничи дека ја убил својата прва сопруга така што ѝ препорачал ригорозна диета, "Ma-Pi" диета.

Габриела Монти починала во 2001 година две недели откако ѝ бил дијагностициран акутен хепатитис кој бил предизвикан од афлатоксини, плесан кој може да се најде во житарките и јаткастите плодови. Опасни се по здравјето, бидејќи можат да доведат до развој на малигни болести или да влијаат на имунолошките болести. 

Монти во 1997 година доживеала инфаркт од кој никогаш не се опоравила, а за неа сè до смртта се грижел нејзиниот сопруг. Пјанези имал илјадници верни следбеници кои верувале дека неговата диета, базирана на житарки може да ги излекува од тешка болест. Полицијата верува дека диетата ја загрозила нејзината веќе лоша состојба и да ја доведе до смрт.

"Наместо да ја лекува со традиционални методи, се обиде да ја излекува со ригорозна исхрана", рекол Карло Пинто еден од тимот кој ја истражува смртта.


Ma-Pi диетата е богата со јаглени хидрати, житарки и овошје, но сосема исклучува животински масти, протеини и шеќери. Пјанези (74) дури е обвинет дека ја криел болеста на сопругата и наводно ретко дозволувал да ја посетуваат. Исто така осомничен е и дека се обидел да ги уништи доказите така што ги ексхумирал нејзините посмртни останки во 2013 и ги кремирал. Пјанези и неговата сопруга Лоредана Вопи биле "провалени" во месец март и наскоро ќе се најдат на суд.


Италијанската полиција после пет години истрага ставила крај на бизарната макробиотичка секта на чело со самопрогласениот гуру кој неодамна се запознал и со папата Франциско.

Пјанези манипулирал со своите жртви, им ги перел мозоците така што им велел дека неговата диета ќе ги излечи од тешките болести.


"Сето тоа е учење од познатиот јапонски филозоф Жорж Ошаве", им објаснувал Пјанези на своите жртви.

Наводно смртта на сопругата ја сокривал со цел луѓето да не помислат дека неговата диета не е ефикасна. Некои негови следбеници се откажале од медицинските третмани и се обиделе да го излечат карциномот со неговата диета.

Тој дури ги обвинил своите следбеници дека тие се виновни за смртта на неговата сопруга.

"Нè обвини дека ние сме ја убиле, тврдеше дека не можел целосно да ѝ се посвети, бидејќи се занимавал со нашите проблеми", рекол еден од следбениците Џилберт Касабури.




Спонзорирани линкови

Маркетинг