Ројтерс: Турција има снимка од убиството на саудискиот новинар

Макфакс

15/10/2018

19:11

1.976

Големина на фонт

а а а

Турските власти имаат снимка која укажува дека саудискиот новинар, Џамал Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, изјавил турски безбедносен извор.

„Турската полиција има аудио снимка која укажува дека Кашоги е убиен во саудискиот конзулат“, рекол неименуваниот извор за новинската агенција „Ројтерс“, на наведувајќи други детали.

Заеднички саудиско-турски тим претходно денеска влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, поради претрес во објектот, речиси две седмици по исчезнувањето на саудискиот новинар.

Саудиска Арабија негира дека стои зад убиството на Кашоги кој ја критикуваше саудиската политика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг