Boston Dynamics ги претстави новите можности на роботот Atlas со кој што импресионираше милиони луѓе... иако поголем дел од нив може да се каже и дека се помалку загрижени.
Инженерите на Boston Dynamics во последните неколку години завршија неверојатна работа. Роботот Atlas кој на почетокот можеше да направи само неколку обични чекори, за релативно кратко видео еволуираше во нешто што во овој момент изгледа импресивно.
Во новото „Паркур“ видео, роботот на Boston Dynamics откако ќе прескокне дрво, успева да скокнне на три кутии, притоа покажувајќи одличен одраз, движење и контрола во воздух.
Благодарение на големиот напредок на полето на хардверот, процесорската моќ и софтверот во изминатите неколку години, роботите денес можат да го контролираат движењето на нозете, рацете и торзото за да трчаат, скокаат и одржуваат баланс, а исто така можат и да ја префрлаат тежината од едната, на другата нога, исто како и луѓето.
Роботот Atlas користи и компјутерска визија за лоцирање на позицијата во однос на другите објекти за да може да ги заобиколи или прескокне.
Иако од инженерски аспект сето ова изгледа навистина импресивно, дел од луѓето се сепак загрижени, затоа што кога една ваква роботика би напредувала уште повеќе и истата би била опремена со вештачка интелигенција, тогаш можно е да стане и закана за човештвото.
Boston Dynamics до минатата година беше во сопственост на Alphabet, по што за непозната сума беше продаден на Softbank. Кои се плановите на оваа компанија поврзани со развојот на ваквите роботи засега не се познати.