Немојте да јадете пилешко месо кое само по себе ги има овие чудни линии

Точка

15/10/2018

17:15

5.945

Големина на фонт

а а а

Одредени пореметувања во мускулите, влијаат на квалитетот на пилешките гради ширум светот, а од Здружението на Фармери, советуваат да се обрне внимание на изгледот на месото кое го купуваме, особено ако на него има бели линии.

Пореметувањето во мускулите доведува до зголемување на количината на мастите во месото, за 224%, што значајно влијае на намалување на протеините.


Присуството на белите линии во месото, укажува на количината на мастите кои се присутни и ги намалува протеините во него. Веруваме дека сигурно сте виделе бели линии на месото кое сте го купиле или сте го виделе во продавница или месара. Ова пореметување се одразува со појава на бели линии кои се паралелни со градбата на мускулите.

Со текот на времето се зголемува бројот на линии и нивната дебелина, а нивото на масти се зголемува. Во истражувањето се набљудувани 285 птици, а резултатите покажале дека 96% од нив имале бели линии на месото. За да изберете месо со одличен квалитет, ова е нешто што треба да го имате на ум, пред следното пазарување.


Бидејќи побарувачката за пилешкото месо е голема, фармерите се приморани да произведуваат поголеми птици за кратко време. Резултатот од тоа се птиците кои се двојно поголеми од обичните, а живеат и многу пократко. Иако ова пореметување е забележано кај пилешките гради, се јавува во мал процент. Пилешкото месо сè уште се смета за најздрав избор, кога станува збор за внесување протеини. Само обрнете внимание кога избирате месо, тоа да биде што е можно поздраво и покалитетно. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг