Тажна причина поради која пејачот се повлекува од сцената: "Ова е моето последно интервју"

Точка

15/10/2018

17:34

9.901

Големина на фонт

а а а

Пејачот Мајкл Бубле објави дека се повлекува од музичката сцена поради длабоките последици кои ги остави борбата со рак со која се бореше неговиот 5 годишен син. Иако малото дете ја победи страшната болест, пејачот вели дека повеќе не е истиот и дека не може да се справи со лицемерниот свет на славните.

"Болеста со која се бореше мојот син сосема ме промени. Мојот поглед на животот повеќе не е ист. Не можам воопшто без солзи да го изведам овој разговор, а никогаш не сум изгубил контрола над емоциите во јавноста", изјави познатиот пејач во интервју за Дејли Меил. 


"Едноставно немам повеќе желудник за тоа. Тој селебрити нарцизам. Ова е моето последно интервју. Се повлекувам. Снимив одлични песни и сега можам да си заминам додека сè уште сум на врвот", раскажа Бубле чиј последен албум ќе биде објавен во ноември.

Инаку, синот на Мајкл беше дијагнозиран со рак во 2016 година, а семејството беше во толку лоша состојба, што дури и денес кога е излечен, не разговараат со никој за тоа.

"Не разговараме за тоа ниту со пријателите, бидејќи премногу боли. Тоа е моето дете. Тој е суперхерој. Готово е, но беше како во пекол. И тоа се чини за прилично добро место за одмор во споредба на она каде бевме", вели Мајкл.

Пејачот им се заблагодари на своите фанови за нивната поддршка во најтешките денови, а сега како што вели време е целосно да му се посвети на семејството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг