Ева Мендез и Рајан Гослинг откриле зошто ја кријат својата врска од јавноста

Точка

15/10/2018

16:26

3.918

Големина на фонт

а а а

Ева Мендез и Рајан Гослинг се еден од холивудските парови, кои својата врска ја држат во голема приватност.

За нивниот однос не се знае премногу, а случувањата од нивните приватни животи, никогаш не завршиле во жолтиот печат.

Како што пренесува магазинот „People“, парот изјавил дека својата врска ја крие од јавноста, бидејќи, кога не работат, во целост се посветени еден на друг и на своето семејство.


Гослинг додал дека секогаш си даваат простор за работата што ја сакаат и дека двајцата се прилично независни луѓе, што исто така позитивно влијае на нивната врска. Извор близок на парот, за истиот магазин изјавил дека, како сите парови, така и тие имаат одредени несогласувања, преку кои многу брзо преминуваат, бидејќи веќе со години градат цврст и искрен однос.


Мендез и Гослинг се запознале на снимањето на филмот „Sons of Fathers“, во 2011-та година и оттогаш се зборувало за нивната романса.

Инаку, парот сега има две ќерки, Есмералда Аманда и Аманда Ли, на кои го посветуваат најголемиот дел од времето и се трудат да ги одгледаат без премногу помош од дадилки. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг