Резултатите од изборите во Баварија значат дека "стариот состав" во Европа е на заминување, изјавил италијанскиот десничарски популистички министер за внатрешни работи Матео Салвини.
"Во Баварија победи промената, а Европската унија изгуби", рекол во неделата навечер Салвини, кој исто така ја врши должноста на потпретседател на италијанската влада и лидер на десничарската Лига.
Ова е "историски пораз на христијанските демократи и социјалисти додека пријателите во AFD прв пат влегуваат во регионалниот парламент", рекол тој мислејќи на баварската конзервативна Хрстијанско-социјална унија (CSU), Социјалдемократската парија на Германија (SDP) и крајно десната Алтернатива за Германија (AFP).
Првите резултати покажуваат дека CSU и SDP биле поразени на баварските регионални избори во неделата, додека AFD освоил околу 10 проценти од гласовите во својот прв обид за влегување во парламентот во Минхен.
"Ариведерчи Меркел, Шулц и Јункер", порачал Салвини зборувајќи за канцеларката Ангела Меркел, поранешниот претседател на Европскиот парламент и поранешниот лидер на SDP Мартин Шулц и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Меѓутоа, италијанските социјалдемократи успеала да видат нешто позитивно и покрај лошите резултати на SDP во Баварија.
"Уште е убаво да се види дека Зелените добиваат речиси двојно повеќе гласови од десничарските националисти", објавил на Твитер поранешниот шеф на PD и поранешен премиер Паоло Гентилони. "Тоа исто така е и порака за нас".
Зелените освоиле речиси 20 проценти во Баварија и избиле на второто место.
PD паднал рекордно ниско на овогодинешните избори во Италија и моментално има 17 проценти во испрашувањето на јавното мислење. За разлика од него, десничарската Лига, која управува со земјата заедно со движењето Пет Ѕвезди, ужива потпора од 33 проценти.