"Tesla" веќе се продава подобро од "Jaguar", а полека го достигнува и "Porsche"

Точка

15/10/2018

14:51

2.777

Големина на фонт

а а а

Кога се стабилизирало производството на "Model 3", "Tesla" почнала по продажба да престигнува поединечни традиционални произведувачи на автомобили.

Според податоците кои ги објавил авто-индустрискиот аналитичар Матијас Шмит од "schmidtmatthias.de", американскиот произведувач на луксузни електрични автомобили - компанијата "Tesla", во првите девет месеци од 2018. година продала вкупно 154.200 автомобили - "Model S, X и 3". 

Во истиот период од годината, "Jaguar" на своите купувачи им испорачал 136.000 возила. "Jaguar" во својата понуда има дури 7 модели, од кои еден на струја - I-Pace.

##https://twitter.com/auto_schmidt/status/1050684839236698113##

Откако зад себе веќе го оставила овој британски произведувач на автомобили, "Tesla" полека стигнува уште една позната светска компанија која произведува модели со конвенционални мотори - германски "Porsche".

Произведувачот од Штутгарт во периодот од јануари до септември 2018. година продал 196.000 автомобили, а Шмит проценува дека Тесла веќе во 2019. година ќе го помине и "Porsche" според бројот на испорачани возила во една година.

"Tesla" тоа веќе го има направено во третиот квартал од оваа година, односно од јули до септември. Имено, во ова тромесечје продажбата на "Tesla" достигнала 83.500 единици, додека "Porsche" испорачал 66.000 автомобил, а "Jaguar" само 41.900 возила.

За ваквите резултати заслугите најмногу одат на "Model 3", кој во овој квартал достигнал продажба од 55.800 единици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг