Груевски, Тачи и Ахмети се присутни на седницата за уставни измени

Макфакс

15/10/2018

12:14

3.108

Големина на фонт

а а а

Пратениците Никола Груевски, Мендух Тачи и Али Ахмети дојдоа во Собранието на седницата за уставни измени. Груевски, Тачи и Ахмети се едни од пратениците кои најретко се појавуваат на седниците.

На седницата, исто така, присутни се и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но неизвесно е како ќе постапуваат со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство за да се изгласа потребата од измени на Уставот.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој не дал ветување за промена на името.

„Ниту еден пратеник не даде ветување за промена на името. ‘Нема да се дозволи промена на Уставот за промена на името’ – напиша ВМРО-ДПМНЕ во својата програма. И СДСМ не даде такво ветување. Значи нема услови да се влезе во ваква процедура. За промена на Уставот нема консултативен референдум. Членот 73 од Уставот вели одлуката на референдум е задолжителна. Да се симне точката од дневен ред“, предложи Димовски.

По ова, пратениците го усвоија дневниот ред со 71 глас „за“ и 40 „против“.

Дебатата во Собрание може да трае најмногу 10 дена, но се очекува да заврши порано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг