Прегледувал „Google Street View“ и случајно открил дека сопругата го изневерува

Точка

13/10/2018

20:12

7.449

Големина на фонт

а а а

Жител на Перу неодамна се развел од својата сопруга, откао открил дека не му е верна, прегледувајќи „Google Street View“.

Неименуваниот маж, наводно барал најбрз пат до „Мостот на воздишки“, во областа Баранко, во Лима, кога налетал на позната фигура – жена со кадрава коса. Иако лицата им се замаглени, поради заштита на приватност, тој ја препознал својата жена по фризурата и облеката. Единствен проблем било тоа што на клупата не била со него, пренесува „Oddity Central“.


Фотографиите, „Google Street View“ ги снимил од автомобил уште во 2013-та година, но тоа не го спречило мажот да бара објаснување од неговата сопруга. Т.Н. „Мост на воздишки“ е едно од најромантичните места во Лима, а очигледно дека романтичниот гест ја оставил жената без избор, па морала да го признае неверството.

Парот наводно веќе живее одвоено, но ова било доволен доказ за нејзиното неверство, па сопругот поднел барање за развод.




Спонзорирани линкови

Маркетинг