Ветерот ѝ го подигна фустанот на војвотката, па го откри она што на кралските дами им е забрането

Точка

13/10/2018

14:23

15.119

Големина на фонт

а а а

Силниот ветер синоќа им создаде големи проблеми на дамите кои присуствуваа на венчавката на принцезата Јуџин. На некои им летнаа шеширите и им се расипале фризурите, а на војвотката Кејт ѝ се подигна фустанот, а фоторепортерите едноставно не го пропуштија тој момент.

Додека со остатокот од кралското семејство стоеше пред црквата во Виндзор, ветрот ѝ го подигна фустанот на Кејт и војвотката брзо реагираше за да не дојде до полоша ситуација, да ѝ се покаже долната облека. 


Сепак, во тој момент Кејт ги покажа своите нозе, а тие фотографии се главна атракција во британските медиуми денес.


Со оглед на тоа дека на кралските жени не им е дозволено да носат здолништа или фустани со должина над колената, за Кејт ова беше прилично непријатна ситуација, но брзо се снајде. За разлика од неа, Меган Маркл нема проблем со покажување на телото, па понекогаш знае да облече и мини фустани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг