Раскрсницата на иднината ќе биде без семафори - и помалку застрашувачка

Точка

13/10/2018

13:11

4.624

Големина на фонт

а а а

Возачите просечно поминуваат два дена годишно зад воланот, чекајќи да се вклучи зеленото светло на семафорот. Тоа во иднина би можело да се избегне благодарение на технологијата на "комуникација" помеѓу возилата кои ѝ приоѓаат на раскрсницата од различни правци.

Една од компаниите што ја развиваат оваа напредна технологија е и американскиот "Ford". 

Нивниот систем на комуникации помеѓу автомобилите, "Intersection Priority Management (IMP)" функционира така што возилата што приоѓаат до раскрсницата од различни правци меѓусебно си разменуваат податоци за позицијата, правецот и брзината на движење.

Врз основа на таквите информации, компјутерот пресметува и ја прикажува идеалната брзина на екранот за секој од нив, со цел безбедно да ја поминат раскрсницата, без запирање на семафор.

На снимката во продолжение можете да видите како фукционира овој систем на една класична раскрсница:

Од "Ford" велат дека овој принцип освен што им заштедува време на возачите, ја унапредува и безбедноста во сообраќајот со оглед на тоа што во САД речиси 60 отсто од несреќите се случуваат токму на раскрсница.

Компанијата тврди дека овој систем ќе допринесе до подобар проток на сообраќајот, со помалку застанувања на возилата, а со самото тоа и помала потрошувачка на гориво и намалување на загаденоста на воздухот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг