Ова е плажата на која се пронајдени 38 илјади отпушоци - за сè е "виновен" Леонардо ди Каприо

Точка

12/10/2018

19:14

11.278

Големина на фонт

а а а

Преубавата тајландска плажа Маја Беј, каде што беше снимен филмот "Плажа" (The Beach) со познатиот актер Леонардо ди Каприо, е затворена за туристи на неодредено време.

Овој филм е еден од највпечатливите кој актерот го снимил, а истиот привлече големо внимание во јавноста, што ја направи и оваа плажа многу популарна. Поточно, таа станала премногу популарна, а ваквиот драстичен пораст на туристи ја загадил природата. Поради ова, локалните власти одлучиле да ја затворат плажата на неодредено време. 


Најпрвин оваа плажа била затворена од јуни до септември, кога на Тајланд е сезона на монсуни, со цел коралните гребени да имаат време да закрепнат. Очигледно тоа не било доволно, па оттаму и ваквата одлука на властите.

"Ние го анализиравме секој месец и сфативме дека еколошкиот систем е сериозно оштетен, бидејќи плажата ја посетуваат до 5 илјади луѓе дневно" вели директорот на националните паркови Сонгтам Суксаванг. "Многу е тешко да се рехабилитира плажата која е целосно уништена, како и растенијата кои се наоѓаат тука".


Властите истакнуваат дека поради прекумерниот број посетители на плажата, коралните гребени се уништени. Трајното затворање е начин да се заштити екосистемот од понатамошна штета, а покрај тоа е донесена и одлука дека пушењето цигари на најпопуларните тајландски плажи ќе биде забрането.

Верувале или не, на дел од плажата во должина од 2,5 километри биле собрани околу 38 илјади отпушоци од цигари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг