Стотици ја испратиле убиената бугарска новинарка во нејзиното родно место! Градоначалникот: Ова брутално злосторство фрли сенка над еден мирен град

Точка

12/10/2018

17:12

4.381

Големина на фонт

а а а

Стотина граѓани, роднини, пријатели и колеги денес се простиле од убиената бугарска новинарка Викторија Маринова, на погребот во нејзиниот роден град Русе.

Луѓето чекале на ред во локалната црква Свето Тројство, за да и оддадат почит и да положат цвеќе на ковчегот на 30-годишната новинарка, чие тело во саботата било пронајдено во паркот во близина на Дунав. 

Градоначалникот на Русе, Пламен Стоилов, изјавил дека "бруталното убиство на новинарката фрлило сенка над еден мирен град".

Обвинителството во германскиот град Целе на почетокот на денот соопштило денес дека осомничениот за убиството на Маринова признал дека ја нападнал, но ги отфрлил обвиненијата дека планирал да ја убие и дека ја силувал и ограбил.

Осомничениот, идентификуван како Северин Красимиров, им рекол на обвинителите дека бил под дејство на алкохол и дрога кога во паркот влегол во расправија со жена што не ја познава, но дека ја удрил во лице и ја турнал во грмушките, но рекол дека немал намера да ја убие.

Германските обвинители навеле дека Красимиров, кој бил уапсен во вторникот во Германија на основа на европски налог за апсење, ќе биде екстрадиран на Бугарија во рок од 10 дена.

Зад Маринова останала 7-годишна ќерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг