T-Roc Cabrio: Ова ќе биде најатрактивниот модел на Фолксваген за идното лето

Точка

12/10/2018

17:35

2.210

Големина на фонт

а а а

Фолксваген ги врши последните тестирања на еден од своите најуспешни нови модели кој ќе добие атрактивна кабриолет верзија за летото 2019-та година.

Има модели за кои што купувачите веќе и не покажуваат голем интерес, како што е популарната „Буба“ која што нема да добие наследник и идната година Фолксваген ќе престане да ја произведува. Но, истовремено, германскиот гигант може да се пофали и со полн погодок, а тоа е T-Roc.

Новиот хит од Волфсбург, компактниот SUV, односно кросовер на зајакната механика на исто така популарниот Голф, од претставувањето е полн погодок и заедно со Голф и Пасат е најуспешниот модел на Фолксваген на новото доба.


После големиот почетен успех на пазарот ширум светот, сега Фолксваген се подготвува за претставување на кабриолет верзијата на прекрасниот кросовер која што се очекува да се појави на патиштата најдоцна до почетокот на идното лето.


Autozeitung.de објави фотографии од завршната фаза од тестирањето, а презентацијата на моделот е закажана за почетокот на март 2019-та година на саемот за автомобили во Женева, Швајцарија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг