Актерката во солзи: „Болеста е во напредна фаза, сите сме поразени“

Точка

12/10/2018

14:07

7.735

Големина на фонт

а а а

Британската актерка, Елизабет Харли, во емисијата „This Morning“ открила дека нејзината пријатела боледува од рак на дојка.

Елизабет прв пат зборувала за тоа колку ја погодило сознанието дека нејзината 40-годишна пријателка, која е венчана и има деца, боледува од рак кој веќе е во сериозен стадиум.

„Моја многу добра пријателка криеше дека осетила грутка на градата. Неодамна дознав за тоа. Кога отишла кај диокторот, дознала дека ракот е веќе во напредна фаза. Тоа е нешто што сите нас нè порази“, открила актерката.


Харли е инаку амбасадорка на кампања за борба против ракот на дојката, која ја води „Este Lauder“.

„Постојано ги потсетувам моите пријателки дека треба да прават контрола. На мојата прва мамографија отидов на својот 40-ти роденден. Оттогаш одам редовно секоја година“, вели актерката, чива баба починала од рак на дојка во 1992-ра година.

Октомври е месец на борба против рак на дојка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг