Шокантни снимки од уништената Флорида: Ураганот Мајкл оставил пустош зад себе!

Точка

11/10/2018

23:47

5.801

Големина на фонт

а а а

Ураганот Мајкл кој ја погодил Флорида, зад себе оставил пустош. Ова е третиот најсилен ураган кој е некогаш забележан во САД и најсилниот кој ја погодил Флорида во последните 100 години.

Најмногу штета нанел на градот Панама. Основното училиште Џинск е толку уништен што "ловецот на олуји" Брет Адаир можел со својот дрон да прелета баш низ уништената спортска сала на училиштето. 

Медиумите ја пренеле неговата снимка. Ураганот буквално го откорнал кровот на салата и ги урнал ѕидовите. Интересно, мрежата за одбојка останала недопрена.

Секаде по градот се гледаат урнати столбови на далноводи, откорнати стебла и урнати куќи.

Повеќе од 359.000 потрошувачи останале без струја. Итните служби апелирале до жителите да се тргнат од улиците додека комуналните служби не завршат со отстранувањето на опасните објекти.

"Имаме вонредна ситуација во цела Флорида" - Уште една потресна снимка од уништениот град Мексико Бич од хеликоптер објавил друг ловец на олуји, Брендон Клемент.

"Не можам да верувам какво е ова уништување", коментирал тој.

Ураганот Мајкл однел две жртви на Флорида, а повеќе од 400.000 прифатни куќи и деловни простории во Флорида, Џорџија и Алабама останале без струја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг