Осуммина македонски државјани, од кои двајца потешко, повредени во автобуска несреќа во Австрија

Макфакс

11/10/2018

14:39

11.078

Големина на фонт

а а а

Двајца македонски државјани се потешко повредени, откако автобусот со кој патувале доживеал сообраќајна незгода во Австрија, информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, откако стапиле во контакт со македонската амбасада во Виена.

Како што информираат од МНР, во автобусот имало 18 македонски државјани. Покрај двајцата потешко повредени кои не се во животна опасност, шестмина од патниците минале со полесни повреди.

Од Министерството најавуваат и потемелен извештај откако во Австрија ќе биде завршен увидот на местото на несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг