Активистите застанаа пред багерите на Водно: Не мрдам од тука, покажете дозвола за градба

Макфакс

11/10/2018

14:23

3.242

Големина на фонт

а а а

Откако денеска продолжија градежните работи на Водно, без претходна најава, активистите од иницијативата „Го сакам Водно“ застанаа пред градежната механизација и не дозволуваат копање на парк шумата.

„Јас не мрдам од тука, барам да ми дадете дозвола за градба“, се слуша на видеото објавено на социјалните мрежи.

Планинар кој случајно поминувал низ парк-шумата Водно ги известил активистите од „Го сакам Водно“ и кажал дека се ископани околу 500 метри. Забелешките, кои претходно се дадени до надлежните институции се уште не се отстранети, тврдат од иницијативата, бидејќи, просторот каде се вршат градежни работи и натаму не е обележан.

„И покрај сите ветувања дека нема да се продолжи со копање на Водно додека траат преговорите и консултациите и се водат постапки преку државните институции, денес на државен празник, подмукло каква што е и целата постапка повторно се отпочна со работа. Срамно“, пишуваат активистите на социјалните мрежи.

Од иницијативата велат дека немало официјална дата за отпочнување на градежните работи, но клучно било отстранување на сите недостатоци. Денес била исконтактирана и советничката од Град Скопје, Билјана Секуловска-Габер, која немала информации дека продолжува ископот на Водно за спроведување на проектот за гасовод. Од Град Скопје, нема одговор за тоа кој дозовлил да продолжат градежните работи на Водно. Се уште е непознато и дали МЕР добиле дозвола за сеча, која претходно, како што твдеа од инцијативата, не ја поседувале.



Спонзорирани линкови

Маркетинг