Изгледало како терористичкиот напад на 11. септември: Мислевме дека авионот ќе удри во нас! Паника во Австралија

Точка

11/10/2018

14:06

6.859

Големина на фонт

а а а

"Boing C-17" е дел од манифестацијата "RiverFire" која секоја година се одржува во Бризбејн во Австралија.

На снимката се гледа голем авион кој лета ниско меѓу облакодери. За среќа, не удрил во ниеден од нив, иако за тоа имало многу шанси. 

Еден од исплашените луѓе коментирал како таа сцена го потсетила на терористичкиот напад во Њујорк на 11. септември.

Многумина овој потег го оцениле како глупав и опасен.

"Беше потребна мала грешка за тие облакодери да бидат уништени и луѓето повредени. Се беше кул, но можеше многу лесно да тргне на лошо", се некои од коментарите.

Секако, имало и коментари кои оделе во одбрана на авионот и пилотот.

"Никој не беше во никаква опасност. Освен во случај двата пилоти истовремено да доживеат срцев удар или нешто во авионот да се расипе", вели еден од нив.

"RiverFire" во Бризбејн се одржува секој октомври.




Спонзорирани линкови

Маркетинг