Бредли Купер успеа да го направи она што никој досега не го направил: Еве што ѝ забранил на пејачката!

Точка

11/10/2018

14:31

9.516

Големина на фонт

а а а

Целиот свет нетрпеливо го исчекуваше филмот "A Star Is Born" во кој за прв пат ја гледаме пејачката Лејди Гага во главна филмска улога.

Поп пејачката се најде рамо до рамо со холивудскиот глумец Бредли Купер, кој покрај тоа што глумеше во филмот се потпишува и како режисер. 


Токму тој успеа да го извлече најдоброто од Лејди Гага, она што никој досега не успеал да го направи, а тоа е природниот изглед на Гага.


Гага во едно интервју откри дека Бред ѝ забранил на сет да се крие зад своите маски и екстравагантни облеки, а на едно снимање ѝ дал влажни марамчиња за да ја отстрани шминката.


"Поради тоа успеав да го постигнам невозможното, бидејќи кога девојката која ја глумам вели дека се чувствува грдо, тоа беше реално. Ужасно сум несигурна. Тој е заслужен за тоа што филмот е таков каков што е. Тој е неверојатен визионер и уметник. Успеа да го направи она што никој претходно не го направи - се чувствував пријатно без шминка и со природна боја на коса", откри пејачката.





Спонзорирани линкови

Маркетинг