Апокалипса на Волстрит: Дау Џонс паднал за 800 бода, технолошките компании "пукале" една по една

Точка

11/10/2018

11:12

4.666

Големина на фонт

а а а

Индустрискиот индекс Дау Џонс вчера паднал за повеќе од 800 бодови, или за 3,1 проценти, што е негов најлош пад во минатите 8 месеци, по наглото опаѓање на вредноста на акциите на технолошките компании.

Процентуално тоа е третиот најлош пад во историјата - првиот остар пад бил од 23 проценти во 1914. година, и на "црниот понеделник" во 1987. година. 

Вчера технолошките акции, кои минатите 12 месеци биле меу најуспешните на берзата, претрпеле најголеми загуби.

"Амазон" изгубил 6,2 проценти, "Нетфликс" 8,4 проценти, а "Мајкрософт" 3,3 проценти.

Главниот индекс на њујоршката берза, Дау Џонс, опаднал на 25,598 бодови, губејќи 831 бод, или 3,1 процент.

Технолошкиот индекс "Насдак" забележал пад од 315 бода, или 4,1 процент, на 7,422 бода.

"S&P 500", кој сочинува 500 најголеми компании на берзата во СДА, изгубил 94 бода, односно 3,3 проценти, па сега има 2,785 бода.

Тоа е најголем дневен пад на Дау Џонс и S&P од 8. февруари, нагласува американската агенција.

Службеник на Белата куќа за вчерашниот пад на Дау Џонс рекол дека "тоа е веројатно здраво" и дека станува збор за обична "пазарна корекција".

"Тоа ќе помине и американската економија ќе остане силна", заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг