Немилосрдниот ураган „Мајкл“ пристигна на Флорида: Од куќите останаа само „парчиња и даски“

Точка

11/10/2018

10:30

4.524

Големина на фонт

а а а

Ураганот „Мајкл“ ја погоди американската сојузна држава Флорида и започна да уништува се пред себе. Како што пренесуваат американските медиуми, огромен број на куќи се целосно разурнати.

За само неколку часа, огромен број на куќи на Мексико Бич се претворија во парчиња и даски кои што пливаат на површината на потопените населени места.

Тоа што успеало да ги преживее силните налети на ветар од 250 километри на час е докрајчено од поплавите. Помеѓу откорнатите и накривени палми, на снимките направени од високите згради, може да се види како долу пловат покриви од куќи и чамци.

„Целата куќа е уништена и сега плови пред нашиот праг“, открила една жена зборувајќи за соседната куќа која што практично била откорната од ураганот.

View this post on Instagram

The wind is now 140 and we can barely see anything

A post shared by Tessa Talarico (@talarico.tessa) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг