Драстично помалку граѓани на денешниот протест кај „Мајчин дом”

Точка

10/10/2018

18:24

1.120

Големина на фонт

а а а

По денешната изјава на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, за моментално стопирање на изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом” граѓаните во драстично помал број излегоа на протест кај овој дел од општината каде што покрај групата граѓани и случајните минувачи, превентивно присутни се и припадниците на полицијата.

Искра Манојловска, од граѓанската организација „Сакаме Аеродром да дише”, во име на граѓаните од општината истакна дека не се изненадени од оваа одлука на градоначалникот Марин за стопирање на изградбата, која е очекувана по вчерашниот протест.

„Очекувавме ваква одлука бидејќи истото го направи и минатиот градоначалник Ивица Конески, кој интервенираше дури откако граѓаните реагираа за оваа градба. Нема да паднеме двапати на иста финта, утре јадрото на организаторите има средба на која ќе се одлучи како ќе се дејствува понатаму“, рече Манојловска додавајќи дека сè уште не се знае дали ќе учествуваат на седницата во Општина Аеродром закажана за в петок.


Градоначалникот Марин на денешната прес-конференција информираше дека изградбата е времено стопирана на 15 дена поради одредени неправилности на градилиштето.

Тој за петок закажа вонредна седница на која треба да се изнајде заедничко решение за овој проблем, а на која се поканети сите засегнати страни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг