Комисијата во Невада се уште ги разгледува сите агли и детали од невидениот хаос во „Ти-Мобајл“ арената во Лас Вегас, но пред да биде соопштена конечната одлука, претседателот на УФЦ навести каква казна ќе добие Хабиб Нурмагомедов.
Рускиот „орел“ беше иницијатор на лудилото во октагонот и надвор од него и поради своето недолично однесување веднаш мораше да им се извини на сите организатори на големиот настан, а сега Дана Вајт обелодени какви првични информации добил околу казната на Хабиб.
Според првиот човек на оваа промотерска куќа, Нурмагомедов ќе остане без цел хонорар и ќе има шестмесечна суспензија, но најбитно од се, ќе го задржи приматот шампион и освоениот појас во борбата со МекГрегор.
– Хабиб направи се што не требаше да направи. Тој е светски шмапион, само што го победи Конор МекГрегор пред цел свет, требаше само да стане и да го стави појасот околу половината. Оној тип кој му викаше од публиката е никој и ништо. Од тоа што го добив како информција, Комисијата го задржала целиот негов хонорар и велат дека така ќе остане до крај. Јас не се согласувам со тоа, од два, мислам дека треба да му биде одземен само половина милион. Хабиб во секој случај ќе ја задржи титулата, иако ќе биде суспендиран. Веројатно ќе биде суспендиран од четири до шест месеци, но титулата во секој случај останува негова, – истакна Дана Вајт, кој неколку часа подоцна доби одговор од Русинот.
– Дана Вајт, имаш среќа што ми го даде појасот, инаку ќе ти го скршев автомобилот. Ја знам твојата паркинг локација, – гласи објавата на Хабиб, но нејасно е колку оваа „закана“ е реална, а колку е ремет на сметка на МекГрегор кој го демолираше возилото на Нурмагомедов во еден претходен нивен инцидент.