Фетаи до Груевски: Многу сте расположени со оглед на тоа дека ви се ближи времето

Макфакс

10/10/2018

14:58

10.081

Големина на фонт

а а а

Груевски на денешното рочиште за шамарите во Центар прокоментира дека обвинителката Фетаи зборувала без да добие право на збор по што се насмеа откако судот рече дека таа е обвинител и ѝ е дозволено да говори во оваа фаза.

На ова експремиерот се насмевна, по што обвинителката му се обрати со зборовите:

„Многу сте расположени со оглед дека ви се ближи времето“, рече Фетаи по што настана вербална расправија откако обвинетиот Груевски ѝ рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение.

По ова обвинителката Фетаи рече дека поминало времето кога никој не смеел да му возвраќа на Груевски.

Судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите“.

Следното рочиште е закажано за 16. октомври каде како сведок е повикан актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг