Во Германија е притворено едно лице осомничено за убиството на бугарската новинарка

Точка

10/10/2018

08:39

3.414

Големина на фонт

а а а

Притворено е ново лице осомничено во врска со убиството на бугарската телевизиска новинарка Викторија Маринова, маж на возраст од 20 до 30 години, објави магазинот 168 Часа, а пренесува германската агенција ДПА.

Осомничениот е притворен во Германија, се наведува во извештајот. Наводно тој ја напуштил Бугарија во недела и отпатувал за Германија кадешто живее неговата мајка. 

Телевизијата ТВН објави дека тој наводно не ја познавал убиената новинарка


Истражувала корупција поврзана со фондовите на Европската унија

Телото на 30 годишната новинарка е пронајдено во саботата недалеку од реката во градскиот парк во нејзиниот роден град Русе, на северниот дел на Бугарија. Обвинителите изјавиле дека била силувана, претепана и задавена.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов рекол дека засега нема докази дека убиството е поврзано со нејзината новинарска работа.

Меѓутоа, медиумите се фокусирале на нејзината неодамнешна задача. Маринова работела за ТВН од Русе, која ја емитирале нејзината емисија "Детектор". Во својата последна емисија, таа претставила два новинари кои го истражувале наводниот случај за корупција поврзан за фондовите на ЕУ. Таа рекла дека нејзината емисија ќе започне со слични истраги.

Маринова, која има 7 годишна ќерка, била вклучена во истрагата на бугарските новинари за инфраструктурните проекти кои ги финансира ЕУ, а со кои управуваат локалните власти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг