Доналд е најлош од сите: За Хилари секс-скандалите на Бил Клинтон не се ништо во споредба со тие на Трамп

Точка

10/10/2018

15:39

2.029

Големина на фонт

а а а

„Престојот“ на Бил Клинтон во Белата куќа додека беше претседател на САД беше проследен со низа на секс-афери кои што се актуелни и ден денес.

Хилари Клинтон, поранешната прва дама на САД и сенаторка, чиј што сопруг Бил Клинтон беше во центарот на сексуалниот скандал за време на својот мандат, смета дека сето тоа не може да се спореди со обвиненијата против актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Според Хилари, главната разлика е во тоа што Републиканците во 90-тите години ја протуркале повеќегодишната истрага за обвиненијата против Бил за сексуално вознемирување кои што ги водел Кенет Стар. Кога станува збор за Доналд Трамп, Републиканците не сториле ништо.

Обвиненијата против Бил Клинтон станаа јавни и топ тема во светот откако три жени го обвинија за сексуално вознемирување, а во текот на истрагата на површина исплива и аферата со Моника Левински.

Што се однесува до актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, досега 12 жени го имаат обвинето за сексуално вознемирување за време на претседателската кампања во текот на 2016-та година. Доналд Трамп тврди дека сето тоа е лага, а само една од нив поднесе тужба против него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг