Аеродромци протестираат против изградба на објектот кај „Мајчин дом“

Макфакс

09/10/2018

17:57

2.435

Големина на фонт

а а а

Неколку стотина граѓани на општина Аеродром излегоа на протест каде што го искажаа своето незадоволство од градоначалникот Златко Марин, поради изградба на деветкатницата кај „Мајчин дом“ и покрај ветувањата во предизборната кампања дека доколку биде избран за градоначалник ќе го стопира процесот за изградбата на објектот со кој се уништува зеленилото.

Жителите на Аеродром го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански. Велат дека се разочарани од градоначалникот Марин и бараат негова оставка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг