Девојче на училиште рекло дека нејзиниот татко одгледува трева, а расплетот на приказната станал вирален

Точка

09/10/2018

18:46

6.723

Големина на фонт

а а а

Дакс Холт се шокирал кога примил повик од учителката на својата ќерка Скајлар и дознал дека девојчето на училиште рекло дека "во нејзиниот дом се одгледува многу трева".

Учителката по нејзината изјава се загрижила за состојбата во нивниот семеен дом, па за таа цел Дакс ја прашал својата ќерка што точно мислела под тоа дека "тој одгледува многу трева". Видеото го објавил на Јутјуб, а ситуацијата не можела да биде поинтересна од ова. 

"Дали навистина си кажала на училиште дека дома одгледуваме многу трева?", ја прашал Холт својата ќерка. "Да", му одговорила таа.

"И што правиме ние со таа трева?", продолжил таткото.

"Ја вадиме и ја фрламе на друго место", објаснило збунетото девојче и на крајот му покажала на својот татко на која точно трева мислела.

Секако, Скајлар мислела на тревата во дворот од нивната семејна куќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг