Дана Вајт откри дека МекГрегор сака реванш, но Хабиб ќе го овозможи истиот само во еден случај!

Дерби

09/10/2018

17:30

6.328

Големина на фонт

а а а

Првата пресметка меѓу Хабиб Нурмагомедови и Конор МекГрегор предизвика неверојатен интерес во боречкиот свет и нивата борба доби планетарна популарност како никоја претходно во УФЦ, а покрај сите големи очекувања во октагонот, на крајот видовме и уличарско однесување кое резултираше со вистински хаос во Лас Вегас.

Хабиб призна дека остави многу лош пример откако претходно му одржа лекција на својот ривал, но во период кога рускиот борец треба да ги очекува одлуките од Судот во Невада за тоа какви санкции ќе заработи, во УФЦ кулоарите веќе на големо се говори за можен реванш.

Дана Вајт, првиот човек на УФЦ откри дека добил повик од Конор МекГрегор преку кој Ирецот побарал реванш, но од друга страна пак, еден близок пријател на Русинот обелоденува дека Хабиб ќе се согласи на втора борба само во еден случај.

– Хабиб мора да се појави пред комисијата во Невада и ќе видиме што ќе се случи со него после цел тој хаос. Но, можам да потврдам дека МекГрегор веќе ми се јави и искажа голема желба за реванш. Го побара тоа од мене, но најпрво мора да видиме што ќе се случи со Хабиб. Тоа е прво на распоредот, – вели Дана Вајт, изјава на која се надоврза добриот пријател на Хабиб, Лук Рокхолд.

– Ако сакаат реванш, ќе мора да му го овозможат на Хабиб најголемиот чек во историјата на ММА борбите. Зборував со Хабиб и ако УФЦ сака реванш, тој ќе бара рекордна сума, – открива Рокхолд кој инаку е УФЦ борец од тимот на Нурмагомедов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг