Жена без комплекс, ваква фотографија ниту една жена не би објавила, но манекенката го направи токму тоа

Точка

09/10/2018

21:44

14.829

Големина на фонт

а а а

Манекенката Криси Тиген објави фотографија на својот профил на Инстаграм од која многу дами би се срамеле.

Сопругата на Џон Леџенд никогаш не се обидувала да ги сокрие своите маани и недостатоци од обожавателите. 

Неодамна на свет го донесе своето второ дете, а после тоа не се срамела да ги покаже своите стрии и вишок килограми кои ѝ останаа како последица од бременоста.

Со последната фотографија на хумористичен начин покажа како изгледа кога случајно ќе ја вклучите предната камера на телефонот.

Овој агол на фотографирање на никој не му оди од рака, па дури ни на Криси која без проблем се пошегува на своја сметка со 20 милиони следбеници.


"Вау", напиша кратко Криси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг