Најстрашната куќа на светот: Плаќате за да ве тероризираат и да ве тераат да ја јадете сопствената повраќаница. Околу 24.000 луѓе моментално се на листа на чекање

Точка

09/10/2018

21:43

13.926

Големина на фонт

а а а

Колку би платиле за да ве затворат во ковчег со змии, да ве стават на стол во мртовечница со тарантула на лицето или да ве тераат да јадете расипани јајца, а потоа да ја изедете сопствената повраќаница?

Околу 24.000 луѓе се моментално подготвени за тоа искуство да дадат 1000 долари, во „Најстрашната куќа на светот“, на Меками, во која посетителите проаѓаат низ интензивна психолошка ноќна мора.

Различни приказни кружат за тоа што точно се случува таму - од тоа дека на гостите им ги бричат главите, ги приморуваат на голотија, ги мачкаат со лажна крв, до тоа дека ги мачат со давење во вода.


Овде нема ниту зомбија, ниту духови кои излегуваат секогаш на исти места, но затоа има јадење на расипани јајца, ментална тортура и затворање во мали кутии со инсекти и змии.

Еден од најекстремните моменти е на столот во мртовечницата, кадешто користат и тарантули.

„Сакате ли да видите вистински страв? Ставете огромен пајак на нечие лице и солзите сами ќе почнат да паѓаат“, опишал Рас Маками, кој во Сан Диего, Калифорнија, ја води оваа куќа и додал дека после неколку тужби, престанале со наметнатата голотија.

Во неговиот дом секој ден по осум часа има затворено по неколку посетители. Всушност, никој никогаш не издражал осум часа, покрај квалификуваните актери, пајаци, стаорци и змии. Специјалните ефекти и аниматори, допринесуваат гостите после неколку часа да излезат плачејќи и тресејќи се.

Рекордот досега го постигнала Сара П., која во 2014-та година внатре останала шест часа, додека, на пример, поранешниот маринец издржал околу три ипол часа, а зависникот од адреналин уште помалку.

24.000 луѓе сакаат да доживеат вистински хорор

Околу 24.000 луѓе постојано се на листа на чекање за ова морничаво искуство, а нималку не е лесно да се влезе внатре.

Гостите мораат да потпишат договор, со кој се одрекуваат од сите права за тужба, но да приложат и свој детален медицински картон, со цел Меками да биде потполно сигурен дека стравот нема да биде ризик за нивното здравје. Ова е мерка за претпазливост, која ја вовел во 2008-ма година, откако една од посетителите починала од срцев удар.

За да влезете овде, мора да ги исполнувате следниве услови:

- Треба да имате 21 година, или 18-20, со дозвола од родител
- Да поминете лекарски преглед и докторот да ви одобри вакво искуство
- Да поминете низ „проверка“ кај вработените
- Да се согласите да ве снимаат преку Фејсбук, фејстајм или телефон
- Да имате здравствено осигурување
- Да потпишете договор од 40 страници
- Да наравите тест за наркотници на денот кога ќе влезете во куќата 

View this post on Instagram

mckameymanor.com

A post shared by Mckamey Manor (@mckameymanor) on

Меками, притоа гостите ги снима постојано, а потоа своите мини-филмови ги постира на својот Јутјуб канал, која веќе има околу 39 милиони прегледи.

Прашањето за инвестиција

Иако вели дека во куќата вложил преку пола милион долари, Меками тврди дека од своите гости не зема пари. Му плаќаат такашто купуваат храна за кучињата и донираат во една организација која го поддржува.

Сепак, постојат тврдења од поранешните посетители, дека овој хорор ги чинел 1000 долари по човек, пренесува порталот „Howmuchdoesitcost“.

Измачување со вода

Пред две години, Ејми Милиган, од Калифорнија, тврдела дека во куќата ја давеле со вода, и покрај тоа што на актерите константно им велела дека сака да ја прекине својата посета.

„Целосно им се препушташ и им веруваш, а тие потоа те дават и удираат“, тврдела таа.

Меками ова го негирал.

„Не ги давиме луѓето. Искуството кое ние го нудиме е исклучително психолошко. Тие постојано се безбедни“, рекол тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг