Бугарскиот обвинител открил детали од убиството на новинарката: Нападот на Викторија Маринова бил крајно брутален и монструозен

Точка

08/10/2018

18:42

6.955

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот државен обвинител Сотир Цацаров, соопштил денес дека властите немаат нови траги во врска со мотивите за силување и убиство на бугарската новинарка Викторија Маринова, а истовремено предупредил дека во оваа фаза од истрагата неопходно е да се биде внимателен.

Според неговите зборови, властите ги следат сите нивоа на истрагата за нејзиното убиство. 

"Во оваа фаза мора да бидеме внимателни, не само затоа што немаме што да кажеме, туку затоа што секој непрецизно изговорен збор би можел да ја загрози нашата работа", рекол Цацаров.

Тој заклучил дека "е едно сигурно - нападот бил крајно брутален и крајно монструозен".

Бугарската истражувачка новинарка, 30-годишната Викторија Маринова, била брутално претепана, силувана и задавена во саботата во градот Русе на северот на Бугарија, а нејзиното тело било пронајдено во парк во близина на реката.

Маринова била новинарка и уредничка на бугарската телевизија TVN и известувала за истрагата за наводната корупција поврзана со фондовите на Европската унија.

Огранокот на Здружението на европски новинари во Бугарија денес повикал на истрага за бруталното убиство на Маринова, но предупредило дека не треба да се шпекулира за мотивот за нејзиното убиство.

"Се додека не постојат цврсти и докажани факти, шпекулацијата дека овој инцидент е поврзан со слободното истражување е се неприфатливи", соопштила новинарската група.




Спонзорирани линкови

Маркетинг