Ременски ги повика пратениците да гласаат за уставни измени, во спротивно избори

Макфакс

08/10/2018

18:31

1.125

Големина на фонт

а а а

Членството во НАТО и ЕУ е стратешка определба и врвен национален интерес. Над 90 проценти од тие што гласаа се за тоа и треба да се почитува нивната одлука, преку гласање во Собрание, рече потпретседателката на Собранието на Република Македонија и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.

„Откако Владата најави дека доставува предлог, ги пивикувам сите пратеници да преземат одговорност за иднината на државата. Сите пратеници, вклучувајќи ги и од ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја следат мнозинската волја на граѓаните. Ги повиквам сите да го поддржат процесот во Собранието и да гласаат за уставните измени. Никој да не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и натаму блокира, останува само да одиме на избори веднаш“, рече Ременски.

Таа додаде дека согласно Деловникот, останува на претседателот на Собранието да ја закаже седницата, но не одговори дали Владата успеала да ги убеди оние 10 пратеници кои недостасуваат за дво-третинско мнозинство.

„Не можам експлицитно да одговорам дали го имаме потребното мнозинство, но фактот дека се пристапува кон измени на Уставот значи потенцирање на одговорноста на пратениците да пристапат кон почитување на волјата на мнозинството кои гласаа на референдумот. Не сметам дека Собранието треба да пристапува кон организирање на тајни гласања, бидејќи сите треба да застанеме пред сопствената одговорност за тоа каква иднина сакаме“, додаде Ременски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг