Се огласи пријателот на Хабиб кој го нападна МекГрегор во „кафезот“: Го исполнив тоа што го ветив

Дерби

08/10/2018

21:39

17.245

Големина на фонт

а а а

Големата борба која со месеци ја очекуваа фантатиците на УФЦ останаа шокирани од расплетот во Лас Вегас, не поради пбоедата на Хабиб Нурмагомедов, туку поради начинот на кој „исклучи“ Русинот во ситуација кога го „задави“ Конор МекГрегор во октагонот.

Борецот кој е роден во Дагестан влезе како фаворит во мега борбата и ја оправда оваа улога со доминацијата во сите четири рунди пред да го докрајчи Ирецот, но доброто издание во октагонот остана во втор план поради тоа што го направи во продолжение. Нурмагомедов ги нападна луѓето на МекГрегор и влезе во физичка пресметка со дел од нив, а во меѓувреме луѓето од неговиот тим влегоа во „кафезот“ и му зададоа удари на Ирецот.

Сето ова го принуди Дана Вајт да ја откаже церемонијата и да нема доделување на појасот, а додека одговорните луѓе од УФЦ и Невада треба да донесат конечна одлука за испадот кој го имаа Хабиб и неговиоте соработници, на социјалните мрежи се јави еден од напаѓачите на МекГрегор.

Зубаира Тукхугов кој е добар пријател на Хабиб беше еден од тројцата напаѓачи, а токму тој се огласи на Твитер и порача дека го исполнил ветувањето кое си го дал пред борбата, без разлика на тоа што сега му се заканува доживотна суспензија од УФЦ.

– Го удрив како што ветив претходно. Ветив дека ќе му одговорам за неговите зборови и го направив тоа, – порачува Зубаира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг