Виктор Петров - Викса: Пливав со брат му на Немо

Точка

06/10/2018

14:38

4.920

Големина на фонт

а а а

„Бев двапати во земјата на фараоните, во 2007 и 2009 година во Хургада, секако за нуркање и одмор, туристичкиот центар во Египет на 800км јужно од Каиро и пирамидите. Тооопло, најтопло море, корален гребен кој е прочуен во светот и жителите на коралите во разни тропски бои - раскажува Виктор Петров-Викса, вам добро познат вокал, ТВ и радио-водител, а по најново водител на „Чекај зелено“ на ТВ 21.

Успеа ли да се разладиш во Црвеното море? 

- Црвено море е познато по својата бледо сина боја. Го запознав пред дигиталната фаза на нашава цивилизција 2007 година. Пред десетина години летата беа топли, а зимите студени. Токму тоа лето решив во полуфамилијарна екипоа да го итражам Црвеното море кое навечер има зелена боја. Многу сакам топла вода. Толку скаам што би ја измилсил да не беше измислена. Црвеното море е едно од потоплите моренца на Земјава. Јас влегував пополека пополека...оти при нагло влегување можно е да се испотите и тоа во вода.


Хургада - најпопуларна дестинација за нуркање. Што успеа да видиш од богатиот подводен свет?  

Освен што морето е супер солено изобилува и со разновиден подводен свет. Јас се сретнав со корален гребен блиску до Хургада. Го сретнав брат му на Немо и некои шарени прекраснотии од риби. Делфина една огромна риба со димензии на Фичо. Да во право си. Има широка лепеза од тропски обоени риби...големи, мали...Се запознав и пливав со делфин кој доаѓаше да ги поздрави туристите кога е расположен, а живее слободно. Имав среќа да бидам во група која беше посетена од вистински делфин и голем, но не како на филм.Прекрасно чувство кое му го посакувам на секого. Немав директен контакт, но се гледавме на негова територија и пливавме заедно едни покрај други, не следеше...


Понесе корали за спомен?

Никако строго е забрането да се изнесува било што од Египет од типот, корали, песок, алги, па и некои видови на артефакти. Научив дека доколку само еднаш го допрете коралот умира и не е веќе убав како пред да се допре. Само уживкање, пливање и поглед.


Хургада нуди активен одмор со многу екскурзии, посета на туристички атракции?

Ги посетив пирамидите и Каиро и Музејот археолошки секако. Бев и на Суецки канал. Возев Ендуро мотор на песок. Запознав копти и неколку мештани во главниот град Каиро. Огромен мегалополис. 40 минути се лета со авион, за да го прелетате Каиро. Големко нели...? Викаат со велосипед ви требаат два месеца за едно кругче околу. Јас не пробав.


Каков впечаток ти оставија мештаните? 

Ќе споделам една случка во прво лице. Каиро...Топло и јули...19 часот...Сонцето се уште високо на небото. Облаци нема скоро никогаш. Марама задолжително користат луѓе без многу коса како јас. 48 степени. Такси цело наџиџано со сијалички и оп излегува госпоѓа-туристка. Ми приоѓа и ми вели:

–Ве препознав, наши сме.

Викам: -Да, да како можам да помогнам?

-Бев на шопинг со група и се занесов во цела таа занаетчиска гужва и физички потегнувања со понуда „Купи, купи “ и ми ја снема ташната. Пробуавва сандали и ја заборавив..? Викам:-Па еве ви ја ташната на рамо.

-Се вратив по патеката кај што се сеќавав дека сум проминала и ја најдов не допрена полна со пари.околу 2000 долари.. Не дека никој не ја забележал, но имам впечаток дека таму никој не краде, а сосема поинаку изгледа од предрасудната гледна точка нели?

Кај нас во Македонија, обратно, изгледаме како да не се краде, а „пепел“ се прави. Ух, се враќам на Египет.. да вистинска случка.


Јаваше камила?

Камила не јавав, ама изнудував приказни од бизнисменот кој ренташе, да ме подучат како се приоѓа.

Прва асоцијација за Египет?

Асоцијација на Египет ми е една нивна носија која се вика „галабеа“. Тоа е некој вид разладувачка облеказа таму мантилсукња за мажи и марама.


(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг