Според првичните податоци кои што ги објавија од Државната изборна комисија на Македонија, гласовите „ЗА“ на денешниот референдум преовладуваат во огромна мера.
Според досега процесираните податоци, Државната изборна комисија на својата интернет страница објави дека на референдумското прашање денес дури 91.03% се изјасниле „ЗА“, додека „Против“ биле 6,03%. Станува збор околу 20% обработени на избирачките места.
Граѓаните на Македонија на референдумот кој што и официјално заврши во 19:00 часот, беше поставено прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.
Споед последните информации на Државната изборна комисија, излезеноста на граѓаните на денешниот референдум изнесува 34,48%.