Мицкоски: Политиката на Заев доживеа дебакл, Македонија победи

Точка

30/09/2018

20:38

7.316

Големина на фонт

а а а

Околу час и половина по затворањето на гласачките места, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати лидерот на најголемата македонска опозициска партија, Христијан Мицкоски.

„Македонија денес кажа дека договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум. Политиката на владата и Заев доживеа дебакл, а Македонија победи. Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка на срамниот договор или гласаа против, е драстично поголем од бројот на тие што гласаа ЗА“, изјави Мицкоски и додаде:

„Факт е дека договорот не доби зелено светло, туку стоп од народот. А народот кои се сопственици покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Граѓаните, тие кои што гласаа против и одбраа со апстиненција да кажат што мислат, ја испратија пораката – ова е Македонија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е Македонски, нашиот јазик е Македонски, нашите предци се Македонци, такви ќе бидат и идните генерации. Затоа ви благодарам, ја имате мојата длабока почит“.

„Нашиот народ е силен, народот не го скршија ниту уцените ниту бруталните закани, ниту јавувањата на директори од институциите, ниту списоците и малтретирањата. Дека власта е разобличена со сета немоќ покажуваат и очајните обиди наводно во името на ДПМНЕ да се праќаат пораки до нашето членство за да излезат на гласање“, изјави Мицкоски.

„Ќе дојде време да одговараат за малтретирањата на народот, но и да се одговори како тоа приватните телефонски броеви се најдоа во раце на луѓе од штабот на власта и СДСМ. Ќе одговараат и за наполнетите кутии во Сарај, Струга, Бутел и на други места каде се обидоа да ја фалсификуваат волјата на народот“.

„Ќе одговарате и за тоа што локални шерифи на СДСМ и градоначалници посетуваа домови на граѓани и со закани ги уценуваа да гласаат спротивно од нивната волја. Народот покажа дека не ви се плаши. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме“.

„Оваа порака од народот треба да ја почитува премиерот, владата, собранието, сите партии, секој пратеник без разлика на која партија припаѓа. Народот е најзначајниот фактор. Тоа што не успеа овој референдум е директна вина на Заев, владата и никој друг“, порача Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг