(Видео) Мицкоски: СДСМ нема поддршка од народот, средбите ги прават на полупразни плоштади

Макфакс

26/09/2018

19:45

1.695

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Демир Хисар оствари средба со граѓани и членови на ВМРО-ДПМНE.

Како што информираат од опозициската партија, на средбата Мицкоски говорел за актуелната политичка и економска состојба, како и за штетноста на договорот со Грција.

„Ни ветуваа живот, донесоа пекол. Откако го донесоа пеколот почнаа да не делат на вакви, онакви. Почнаа да не делат на луѓе кои што биле Европјани и на луѓе кои што биле против Европа и против прогресивните сили. А, позади завесата ја пљачкосуваат и ја уништуваат секоја една педа од татковината“, нагласува Мицкоски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ констатирал дека СДСМ нема поддршка за договорот од граѓаните, па поради тоа, како што кажал, нивните собири се одвиваат на полупразни плоштади.

Според него, договорот со Грција е најлошото можно решение за Македонија.

„Со овој документ Заев ја понижува државата, а Македонија го губи името, се менува Уставот, се губи идентитет. Договорот од Преспа се повикува на еден документ кој што се нарекува Повелба на ОН, основен принцип на таа повелба стои немешање на внатрешните работи на една држава. Ако промена на Устав не е мешање во внатрешните работи, што е тогаш мешање во внатрешни работи? Уште од самиот почеток, во самата преамбула овој договор е контрадикторен самиот по себе“, изјавува Мицкоски.

Тој напомена дека Зоран Заев не го зачувал идентитетот, туку го загубил и она што досега било дел од личната карта на нашата држава во ОН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг