СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ знае дека огромното мнозинство граѓани е ЗА европска Македонија

Макфакс

26/09/2018

16:29

847

Големина на фонт

а а а

Залудни се измислиците и конструкциите на опозициската партија, граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку бојкотот што активно го организираат, насилно да ја блокираат македонската иднина, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Граѓаните се определени за напредок, интеграција и развој и затоа во недела масовно ќе излезат и ќе гласаат ЗА европска Македонија. Надлежните институции се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум. Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран“, се наведува во соопштението.

Како што се ближи датумот за референдум, додаваат од СДСМ станува се појасно дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг