Скромниот Модриќ со емотивен говор го расплака легендарниот Бобан

Дерби

25/09/2018

14:00

1.724

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е прогласен за најдобар светски фудбалер за сезоната 2017/18 и го доби престижното признание „The Best“ кое го доделува ФИФА. Откако беше избран за број еден од страна на УЕФА, членот на Реал Мадрид стигна и до второто големо индивидуално признание, кое го заслужи со настапите во дресот на Реал и Хрватска.

Но, веднаш штом ја доби во раце наградата, упати една вистинска и искрена порака до капитенот на златната генерација од 1998 година, селекција која беше вистинска иснпирација за сите фудбалери од овие простори, вклучувајќи ги и овие кои ги предводеше Модриќ во Русија.

– Сакам да му се заблагодарам на мојот идол Звонимир Бобан, поранешен капитен на Хрватска и на генерацијата на фудбалери кои ја освоија светската бронза во 1998 година. Тие беа одлична инспирација, и како тим, бевме убедени дека можеме да направиме нешто големо во Русија. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за некоја друга генерација што доаѓа, – порача Модриќ кој со својот говор го расплака Бобан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг