Тинејџер 49 дена преживеал сам на океан! Јадев кога ќе фатам риба, пиев морска вода и ја читав Библијата додека ајкули кружеа околу мене! Бродовите само минуваа

Точка

24/09/2018

19:01

11.597

Големина на фонт

а а а

Тинејџерот од Индонезија, Алди Новел Адиланг (18), преживеал 49 дена сам на Пацифичкиот океан, откако олуја го пратила на патување подолго од 2.500 километри, конечно бил спасен во близина на островот Гуам, американска територија на Пацификот.

По една недела останал без храна, па преживувал ловејќи риба и цедејќи морска вода низ облеката, за да има што да пие. 

Адиланг раскажал дека на арката, која ја нарекува ромпонг, ја вклучувал лампата секогаш кога ќе видел некој брод што минува блиску, и дека не се сеќава колку од нив минале "не знаејќи за неговата несреќа".

"Мислев дека никогаш повеќе нема да ги видам моите родители, па се молев секој ден", рекол Адиланг, кој на почетокот на овој месец се вратил во своето крајбрежно село во Индонезија.

Индонезискиот конзулат во јапонскиот град Осака соопштил дека тинејџерот бил спасен од брод кој кај брегот на Гуам пловел под панамско знаме и дека Адиланг на почетокот на овој месец со индонезиските службеници се вратил во родната земја.

Дипломат од овој конзулат, Фаджар Фирдаус, изјавил за весникот "Џакарта Пост" дека "Алди им кажал дека бил исплашен и често плачел".

NBC наведува дека Адиланг за локалните медиуми раскажал дека по некое време стекнал навика секое утро да лови риба, а на пладне да ја чита библијата која ја понесол со себе.

Се наведува дека околу неговото пловило еден ден почнала да кружи ајкула.

"Можев само да се молам дека ајкулата ќе замине", рекол Адиланг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг