Амди Бајрам на Јанакиески: Ги имам списковите од Топаана

Макфакс

24/09/2018

18:44

4.681

Големина на фонт

а а а

Во последната објавена бомба во кривичниот суд за предметот „Титаник“ на СЈО беше пуштен телефонски разговор помеѓу ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.

Во разговорот, Амди Бајрам му вели на Миле дека ги има списоците и треба да се видат лично.

„За ова од Топаана… ги имам списковите“, вели Амди. Со Јанакиески се договараат да се видат следниот ден околу 1 или 2 часот.

Денеска во судот беа пуштени над 140 бомби на СЈО, а судијата Осман Шабани закажа три рочишта за октомври и уште неколку во ноември и декември. Претходно, адвокатите на обвинетите го прашаа судијата до колку часот планира да го држи рочиштето денеска за да ги планираат активностите. Судијата Шабани не им одговори туку неколкумина од нив ги опомена на записник. На следното рочиште во октомври ќе се преслушуваат другите бомби на СЈО во доказната постапка во предметот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг