Ватс бил обвинет и за уништување на докази, бидејќи ја погребал во плиток гроб, а телата на ќерките го фрлил во резервоар со масло.
33-годишниот Крис Ватс, маж од Колорадо, кој ја убил бремената жена и двете ќерки, го менувал својот исказ повеќе пати откако на 13. август "му исчезнало" семејството, но по апсењето решил да го признае злосторството по разговорот со својот татко.
Тој на самиот почеток демантирал дека знае каде се наоѓаат девојчињата и сопругата, објаснувајќи им на надлежните дека пред нивното исчезнување со сопругата имал цивилизирана расправија, пишува "Daily mail".
Ватс дури и се појавил во една телевизиска емисија, каде апелирал до сопругата да му се врати и да ги доведе децата.
Меѓутоа, кога бил соочен со доказите, меѓу кои и дека имал љубовна афера, Ватс ветил дека ќе ја каже вистината, но каков услов го навел барањето да разговара со својот татко.
Откако разговарале, Ватс го признал убиството и им кажал на полицајците дека телата на жената и децата се наоѓаат на полето на фабриката во која работел. Ватс тогаш бил уапсен и обвинет за три убиства, по што рекол дека тоа кобно утро влегол во расправија со сопругата за неговата одлука да ги напушти, и дека таа ги задавила децата, па тој во бес ја убил неа.
Оваа теорија немала логика за полицијата, бидејќи не постоел ниеден доказ дека жената е виновна за смртта на децата.
Во меѓувреме, неговите адвокати барале од судот да истражи од каде потекнувале информациите за случајот кој ги преплавил медиумите, а кои се лоши за неговиот клиент.
Ватс е обвинет и за уништување на доказите, бидејќи ја погребал сопругата во плиток роб, а телата на ќерките ги фрлил во резервоар со масло.
Убиецот сега, наводно, е сериозно депресивен поради злосторството кое го направил, но на депресијата придонесува и фактот дека веќе еден месец се наоѓа во изолација во затвор.