Почнува есента, од утре заладување за 10 до 15 степени

Макфакс

23/09/2018

14:16

486

Големина на фонт

а а а

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето, заладување за дури 10 степени и силен ветер. Промените се очекува да се случат утре попладне, кога студена воздушна маса ќе се пробие од север и ќе ги намали температурите.

Се очекува северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, што ќе ја зголеми облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава и ќе донесе нагло заладување ноќта и во наредните денови.

Од УХМР најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но со силен северен ветер и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно ќе се намали и утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 3:54 часот почна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг