Паниката се шири! Јагоди со игли се појавиле и на Нов Зеланд! Продавниците ги испразниле рафтовите

Точка

23/09/2018

14:04

2.575

Големина на фонт

а а а

Психозата околу контаминираните австралиски јагоди се проширила и на Нов Зеланд, каде ланец супермаркети објавил дека биле пронајдени игли во јагоди увезени од Австралија.

Трговскиот ланец "Countdown" објавил дека ја повлекува марката австралиски јагоди од своите полици, бидејќи во една кутија во продавница во Окелнд биле пронајдени игли забодени во овошјето. 

"Безбедноста на храната ја сфаќаме многу сериозно", било соопштено од "Countdown". "Купците можат да ги вратат јагодите од марката "Choice" кои ги купиле за да бидат мирни, а парите ќе им бидат вратени".

Ланецот исто така ги советува потрошувачите да ги пресечат јагодите увезени од Австралија пред да ги јадат.

Во австралиската полиција биле пријавени стотина случаи дека во јагодите купени во продавниците биле пронајдени игли за шиење, а неколку пријави се однесувале и на јаболка и банани.

Австралискиот парламент на предлог на владата усвоил поостар закон со кој горната граница на затворска казна за саботажа на храна се крева од 10 на 15 години затвор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг