Хорор во католичко училиште: Девојче го барало својот брат по училниците, а кога влегло во тоалетот, вриснало од ужас

Точка

23/09/2018

12:00

5.662

Големина на фонт

а а а

14-годишниот Бредли Џон е пронајден мртов во училишниот тоалет во католичкото училиште "Сент Џон Лојд" во Лианели на 12. август, кратко откако неговите родителите се жалеле на управата на училиштето дека нивниот син е жртва на врсничко насилство.

Телото на обесеното дете го пронашла неговата помлада сестра, Даниела, која повеќе од еден час го барала низ училиштето. 

Таткото на Бредли, Бајрон, сега бара оставка од директорот и персоналот на тоа училиште во Јужен Велс. Тој писмото со тоа барање го предал во петокот, на 21. септември.

"На тој страшен ден чекав да се јават од полицијата и училиштето, но ништо не се случи...Нема да дозволам училиштето да успее во намерата да го прикрие случајот и да ја демантира својата улога. Училиштето и управата ги изневерија Бредли и Даниела", вели очајниот татко и додава: "Мојот син беше среќно дете се додека не почнаа да го малтретираат во училиштето. Училиштето не направи ништо за да го заштити".

Кога не го пронашла во училиштето и ходниците, малата Даниела се осмелила да влезе во тоалетот за деца, каде видела дека една од кабините е затворена. Ги повикала домарот и наставничката, но директорот прво забранил да се скрши вратата. Кога виделе дека детето не отвара, на сила влегле во кабината, а тогаш се случил шок: девојчето го видело својот постар брат како виси и почнала да вриска.

Бредли бил талентиран јавач

"Тоа се случи седум дена пред нејзиниот 13. роденден. Таа минува низ пекол. Цел живот ќе слави роденден седум дена по смртта на својот брат. Наместо да го славиме, ние плачевме", вели таткото.

Директорот на училиштето, Ешли Хаувелс, издал соопштение во кое му оддал почит на малиот Бредли и го нарекол "талентиран јавач". Училишната управа порачала дека нема да се огласува додека не заврши истрагата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг