Легендата на Ливерпул шокирала со изјавата: Морав да убивам

Точка

22/09/2018

18:35

7.371

Големина на фонт

а а а

Еден од најтрофејните играчи на Ливерпул и икона на "Редсите", кој во клубот ги доживеал најубавите, но и најтешките моменти на екипата во историјата, во интервју за "BBC" открил шокантни детали од младоста.

Брус Гробелаар на голот на Ливерпул минал 13 години, од 1981. до 1994. година, и за тоа време освоил шест наслови шампион на Англија, една титула шампион на Европа, три ФА купови и исто толку Лига купови. 

Гробелаар како голман на Ливерпул ја сведочел и катастрофата на Хејсел и Хилсборо. Но, сега дознаваме дека пред да ја гледа таа трагедија на трибините, далеку поактивно учествувал во брутална војна. И самиот дал придонес во бројот на мртвите.

Драмата на голманот роден во Јужна Африка почнала во 1978. година кога имал 21. година. Тогаш во Родезија, меѓународно непризнаена дражва со расистичка бела влада, бил регрутирам за служење на воен рок. Наместо во униформа да мине 11 месеци, ја носел две години, до крајот на војната во која црните герилци се бореле за крај на владеењето на белото малцинство.

"Бев извидник кој влезе длабоко во непријателската позадина. Во текот на војувањето видов три пријатели како умираат, а и самиот бев принуден да убивам. Страшните спомени на тоа повеќе не ме прогонуваат толку, но и денес знам да се разбудам облеан со студена пот, мачен од тие сеќавања", рекол Гробелаар.

Признал дека фудбалот му го спасил животот и спречил да не потоне во депресија и фрустрација откако смртта и војната му ја обележале младоста.

"Доживеав се како голман: Ме гаѓаа со ножеви, со стрелки за пикадо, со топки за билјард, со парички, со компири во кои имаше жилети", се потсетил тој.

Јасно е зошто голманот познат по провокативното однесување на тоа реагирал со насмевка. Претходно убивал во немилосрдна војна во која загинале преку 20.000 луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг